Денешната промена на ВТАлистата донесе и промена на рангот на најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа. Таа се наоѓа на 252.место со 270 поени или нови осум во однос на претходното рангирање. Секако треба да се напомене дека Ѓорческа за финалето на фјучрсот во Куршумлијска Бања поените (30) ќе и бидат впишани на следното рангирање. Оваа недела Ѓорческа ќе настапува на фјучрс турнирот во Оточец, Словенија каде е рангирана како седма носителка и откако беше слободна во првото коло во второто ќе игра против Пиа Ловрич од Словенија. Нашата тенисерка ќе настапи и во конкуренција на двојки заедно со Деа Херџела од Босна и Херцеговина.
Втората македонска тенисерка која има ранг Магдалена Стоилковска се наоѓа на 1325 место со 3 поени.
Женската македонска репрезентација на Македонија во јуни на домашен терен ќе има настап во рамките на Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот.