Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во Порто што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа денеска по 2 часа и 5 минути игра загуби од четвртата носителка Маја Џоинт од Австралија со 2-1 во сетови (62 67(6) 63). Турнирот се играше на тврда подлога, а Ѓорческа од следната недела е пријавена за настап на уште еден турнир во Португалија (Фугеира Да Фоз што се игра за награден фонд од 100.000 долари истотака на тврда подлога.
Денешниот меч со водство на македонската тенисерка со два брејка водеше со 2:1, но потоа следуваше серија од шест гема на ривалката, а тоа значеше и добивање на првиот сет со 6:2 во гемови. Но, и водство од 1:0 во вториот сет. Првиот брејк о вториот сет го напраи Ѓорческа за водство од 3:2, но веднаш следеше ри-брејк. Сепак македонската тенисерка беше на чекор до 1:1 во сетови откако поведе со 5:3 во гемови, но тенисерката од Австралија имаше серија од три гема за водство од 6:5. Сепак Ѓорческа се избори за тај брејк во вториот сет откако изедначи на 6:6. Во „13.тиот гем“ Џоинт водеше со 3:0; 4:1 и 5:2, но Ѓорческа направи серија од четири поени за водство од 6:5 и сетот го заврши со 8:6 и се избори за изедначување од 1:1.
Решавачкиот сет почна добро за Ѓорческа и имаше водство од 3:1 во гемови, но повторно ривалката направи серија од пет гема и го доби сетот со 6:3, а со тоа и мечот со 2:1.
За пласманот во второто коло Ѓорческа ќе освои 9 поени.