Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на Челинџер 125 турнирот во шпанскиот град Лиеда што се играше за награден фонд од 100.000 евра. Таа во мечот од второто коло загуби од втората носителка Катарина Синиакова од Чешка (40.место на ВТА) со 2-0 во сетови (62 62) за 75 минути игра.
Фаворитката од Чешка ја оправда улогата и во двата сета имаше по два брејка. Македонската тенисерка водеше на почетокот на мечот во првиот сет со 1:0 и 2:1, а притоа во вториот гем имаше и брејк топка што не ја искористи. Синиаков по водството на Ѓорческа направи серија од пет гема и го доби сетот со 6:2. Серијата на гемови за чешката тенисерка продолжи и на стартот од вториот сет кога таа направи брејк за водство од 1:0, а потоа поведе и со 2:0. Вториот брејк во сетот беше во седмиот гем за 5:2, а сетот заврши со идентични 6:2.
Ѓорческа за пласманот во второто коло на турнирот ќе освои 15 поени, како и 1.740 ера.