Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на фјучрс W100 турнирот во Валенсија. Таа во првото коло загуби вечерва од српската тенисерка Миа Ристиќ со 2-0 во сетови (76(5) 76(4)) за 1 час и 50 минути игра.
На стартот од првиот сет Ристиќ (која преку квалификации стигна до главниот турнир) поведе со 2:0 во гемови, но Ѓорческа успеа да направи серија од 5-1 и го презеде водството со 5:3 во гемови. Потоа следуваа три гема за Ристиќ, а откако Ѓорческа го освои 12.тиот гем следуваше тај брекот. По 5:2 на поени за Ристиќ, Ѓорческа изедначи, но потоа направи двојна сервис грешка и веднаш потоа српската тенисерка сервираше и ас за да го добие тај брекот и да поведе со 1:0 во сетови. Во вториот сет Ѓорческа поведе со 3:1 во гемови, но Ристиќ направи серија од три гема за 4:3. Македонската тенисерка водеше со 5:4 и 6:5, но не дојде во шанса за брејк до крајот на сетот и повторно решаваше тај брејкот. По 3:1 во поени за Ѓорческа ривалката освои пет поени во низа што беше клучно за да го добие сетот, а со тоа и мечот.
Ѓорческа за учеството на овој фјучрс ќе добие еден поен.