Нов голем успех на најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа откако во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во Фигеира да Фоз, Португалија ја совлада втората носителка Ребека Марино од Канада со 2-0 во сетови (61 61) за 56 минути игра. Марино во моментов е на 151.та позиција на ВТА листата, а во кариерата најдобар ранг и бил на 38-то место.
Во меч во кој доминираше Ѓорческа, таа имаше 6 брејка од 11 можности, додека Марино имаше еден брејк на стартот на вториот сет. Скоорот на освоени поени беше 59:35 за Ѓорческа.
Нашата тенисерка одлично го почна мечот и поведе со 4:0 во гемови што беше само најава за убедливиот прв сет, кој Ѓорческа го доби со 6:1. На стартот од вториот сет поведе Марино со 1:0, но следуваа шест гемови за македонската тенисерка што беше потврда за убедливата победа со само два загубени гема.
Во полуфиналето утре Ѓорческа ќе игра против Кристина Малденовиќ од Франција (31 година, 232.место на ВТА листата), а најдобриот ранг го имаше во октомври 2017 година кога беше во ТОП 10, конкретно на 10.то место. Младеновиќ денеска во четвртфиналето ја совлада третата носителка Линда Фрухвиртова од Чешка со 2-1 во сетови (64 57 76(6)).
Почетокот на финалниот меч е во 11 часот по локално време (12 часот по македонско).