Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Рим што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа попладнево во полуфиналниот меч загуби од Ралука Георгиана Сербан од Кипар со 2-1 во сетови (57 64 64) за 2 часа и 47 минути игра. Во текот на мечот победничката направи 25 двојни сервис грешки. Ѓорческа имаше 6/22 брејк топки, а Сербан беше нешто подобра 7/14.
Првиот сет по голема борба и пресврт и припадна на македонскат тенисерка. По 3:3 во гемови Сербан поведе со 5:3, но следуваше серија на Ѓорческа од четири гема за 7:5 и водство од 1:0. Во вториот сет противничката поведе со 2:0, откако направи брејк, а потоа водеше со 4:1по брејкот во 5.тиот гем, нашата тенисерка успеа да намали, но сепак Сербан го доби сетот со 6:4 за изедначување на 1:1.
Во решавачкиот трет сет се водеше вистинска борба. Сербан направи брејк за водство од 1:0 и таа предност ја имаше до 8.миот гем (4:3). По 20 одиграни поени во гемот Ѓорческа ја искористи 6.та брејк топка и изедначи на 4:4. Но, во следниот гем на свој сервис нашата тенисерка го загуби гемот без освоен поен. Осмиот гем во сетот како да беше најава на вистинската драма во 10.тиот гем. Ѓорческа поведе со 40/15 на сервис на противничката, но потоа наизменично тенисерките освојуваа поени. Нашата тенисерка не реализираше седум брејк топки во гемот, а притоа спаси четири меч топки, но не ја спаси и петтата која на Сербан и донесе освојување на гемот и сетот со 6:4, а со тоа и мечот го доби со 2-1 во сетови.
За пласманот во полуфиналето Ѓорческа ќе освои 29 поени.