Ѓорческа го заврши настапот на фјучрсот во Чешка

June 15, 2023

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во третото коло го заврши настапот на фјучрсот во чешкиот град Рикани што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа за 100 минути игра загуби од Романката Габриела Ли со 2-0 во сетови (76(4) 64).

Во првиот сет нашата тенисерка поведе со 2:0 во гемови откако направи брејк, но противничката по 3:1 направи серија од три гема и поведе со 4:3. До крајот на сетот немаше изнедадувања и сетот беше решен во тај брекот. По 3:1 во поени за нашата тенисерка, противничката имаше серија од 6-1 за кончечни 7:4 во тај брејот и водство од 1:0 во сетови. Во вториот сет по водството на Ѓорческа од 1:0, Ли направи серија и поведе со 3:1 и таа предност од брејк ја зачува до крајот.

Ѓорческа за пласманот во третото коло ќе освои 8 поени, а од понеделник ја очекуваат мечевите за женската македонска репрезентација во рамките на Били Џин Кинг купот, а мечевите ќе се играат во Скопје.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани