Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со двата пораза денеска во сингл и во двојки го заврши настапот на фјучрс турнирот што се игра во Оточец, Словенија.
Најпрвин во поединечна конкуренција нашата тенсиерка загуби од првата носителка Ирина Бара од Романија со 2-0 во сетови (7:5 и 6:0) во мечот од четвртфиналето.
Во конкуренција на двојки Ѓорческа заедно со Деа Херџелас од БиХ загубија и во полуфиналето од вторите носителки Мариана Дражиќ од Хрватска и Емили Вебли Смит од Велика Британија. Првиот сет им припадна на противничките кои го добија со 6:3, а Лина и Деа изедначија добивајќи го вториот сет со 6:4. Во решавачкиот сет за финалето беше 10-6 на поени за Дражиќ и Смит.
Двата меча на Ѓорческа денеска имаа исто време на траење 87 минути.