Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по полноќ по македонско време (или околу пладне по австралиско време) ќе го игра мечот од првото коло од квалификациите на Австралија опен во Мелбурн. Противничка на Ѓорческа е полската тенисерка Катарзина Кава (31.година). Мечот ќе се игра на теренот број 13 и е предвиден како втор од програмата. Првиот меч на овој терен треба да почне во 10 часот по локално време или на полноќ по македонско време.
На првиот ден од квалификациите – понеделник поради дожд не се одигра ниту еден меч.
Ова ќе биде прв меѓусебен дуел на Ѓорческа и Кава. Ѓорческа 2017 година беше на чекор од пласман на главниот турнир, откако загуби во третото коло од квалификациите, додека полската тенисерка досега имала три настапи во квалификациите на Австралија опен и три порази во првото коло.
Се очекува и Македонци кои живеат во Мелбурн, да го следат мечот и да и дадат поддршка на македонската тенисерка.