Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска го игра своето второ сингл финале во 2023 година. Таа е дел од завршниот меч на фјучрсот во Куршумлијска Бања, Србија што се игра за награден фонд 25.000 долари. Нејзина противничка ќе и биде Јулија Авдеева од Русија (20 години, 467 место на ВТА листата).
Ѓорческа оваа година настапи во финалето на турнирот во Талин каде загуби од Јанина Викмајер од Белгија, инаку нашата тенисерка досега во кариерата има победи на 12 турнири во поединечна конкуренција.
На патот до финалето Ѓорческа ги победи Ѓороае (Романија) во првото коло, Струплова (Чешка) во второто коло, Персон (Шведска) во четвртфиналето и Дину (Романија) во полуфиналето.
Финалниот меч ќе почне по финалето во машка конкуренција.