Осум сингл мечеви и четири четвртфинални во двојки е програмата за четврток – 14.септември на фјучрсот во Скопје „Триглав опен“ што се игра за награден фонд од 40.000 долари.
Од македонските тенисерки на турнирот остана најдобрата Македонка Лина Ѓорческа. Таа во мечот од третото коло ќе игра против 16.та носителка Рина Саиго од Јапонија (22 години, 368 место на ВТА листата).
Мечот на Ѓорческа е предвиден како втор на Централниот терен на ТК Југ и нема па почне пред 11:30 часот.
Распоред на мечевите по терни:
Централен терен – почеток 10 часот:
Леолиа Жанжан (Франција,1) – Миа Ристиќ (Србија,15)
Лина Ѓорческа (Македонија,4) – Рина Саиго (Јапонија,16)
Елени Христофи, Димитра Павлоу (Грција) – Ксенија Ласкутова (Русија), Ани Вангелова (Бугарија)
Терен број 5 – почеток 10 часот:
Ива Приморац (Хрватска) – Фани Остлунд (Шведска)
Деа Ферџелаш (БиХ) – Роса Виценс Мас (Шпанија,3)
Жибек Куламбајева (Казахстан), Јустина Микулските (Литванија,1) – Ива Приморац (Хрватска), Наталија Сиедлиска (Германија)
Терен број 6 – почеток 10 часот:
Сара Цакаревиќ (Франција) – Јустина Микулските (Литванија,9)
Анастасија Соболева (Украина,12) – Сада Нахимана (Бурунди,8)
Леолиа Жанжан (Франција), Сада Нахимана (Бурунди) – Никол Фоса Хуерго (Италија), Диана Марцинкевича (Летонија)
Терен број 8 – почеток 10 часот:
Ајла Аксу (Турција) – Габрела Ли (Романија)
Дејана Радановиќ (Србија,14) – Ипек Оз (Турција, 2)
Марта Мутола (Германија), Радка Зелничкова (Словачка) – Рина Сиаго, Јукина Сиаго (Јапонија)