Ѓорческа без промена на рангот, Стоилковска со скок за четири места

October 9, 2023

На новообјавената ранг листа на ВТА македонските тенисерки имаа ист број поени како и претходната недела. Така Лина Ѓорческа се наоѓа на 186.то место (ист ранг) со вкупно 399 поени. Магдалена Стоилковска е на 1233.то место со 8 поени и скок за четири позиции.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа има мал пад од две позиции и е рангирана на 311.то место со 256 поени, додека Стоилковска има и тука мал скок од осум места – 1467.мо место со 6 поени.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани