Ѓорческа без загубен гем до победа на фјучрс во Тунис

January 22, 2025

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа настапот на вториот турнир во Тунис во Ла Марса го почна со убедлив настап без загубен гем. Таа за 46 минути ја совлада Валерија Кусенкова од Шпанија со 2-0 во сетови (60 60). Мечот траеше 46 минути, а според бројот на поени скорот беше 52:19 за Ѓорческа.

Во втората рунда македонската тенисерка за ривалка ја има Линда Климовицова од Полска (20 год., 272 ВТА листа), која во првата рунда ја совлада првата носителка Лукреција Стефанини од Италија со 2-1 во сетови (36 63 64).

Мечот на програмата е утре (четврток).

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани