Четири македонски тенисери денеска ќе бидат дел од учесниците во извлекувањето за „костурот“ од квалификациите на Macedonian Open 2024. Нив ќе ги предводи искусниот Димитар Грабул актуелниот македонски првак. Утре во првото квалификациско коло ќе се појават и Шендрит Деари, ланскиот финалист од државното првенство и младите Берк Бугариќ и Амар Хусеиновиќ. Ова пред се за Хусеиновиќ треба да биде одлична можност да почувстува настап на еден турнир од повисок ранг.
Во квалификациите ќе се појават вкупно 24 тенисери, а по двете одиграни кола (недела и понеделник) шест од нив ќе изборат пласман во главниот турнир. Што се однесува до главниот турнир ќе настапат 32 тенисери во поединечна конкуренција, како и 16 двојки на турнирот во парови.
Инаку, во текот на денешниот ден во попладневните часови ќе биде познат костурот за квалификациите, а секако и распоредот на мечевите за првиот ден – недела 19.мај. Почетокот на мечевите кои ќе се играат на терените на ТК Југ е во 10:30 часот.