Четири македонски тенисери утре (вторник) ќе имаат настап на фјучрс турнирот М25 Куршумлијска бања. Тројца од нив (Обрад Марковски, Шендрит Деари и Стефан Мицов) ќе ги играат финалните мечеви од квалификациите што значи дека ќе се борат за влез на „главниот турнир“, додека дирктен пласман на има само Горазд Србљак, кој пак утре ќе го игра мечот од првото коло против Никола Јовиќ од Србија. Србљак минатата година во два меча забележа победи против Јовиќ.
Обрад Марковски кој е рангиран и како носител во квалификациите во првото коло беше слободен, а во следната рунда го победи Огњен Павловиќ од Србија со 2-0 во сетови (61 64). Утре ривал ќе му биде Лука Тодоровиќ од Србија.
Шендрит Деари во првото коло – квалификации го победи Лав Вукичевиќ од Србија со 2-0 во сетови (63 61), а во второто коло беше подобар од Јун Ји Хе (Кина) со 2-0 во сетови (62 76(5)). Во финалето од квалификациите ќе игра против Александар Љубојевиќ од Србија.
Стефан Мицов за пласман на „главниот турнир“ ќе игра против Георге Лазаров од Бугарија, а претходно ги победи Јорис Хогланд од Холандија со 2-0 во сетови (61 63), а во вториот меч го победи Александер Орлов од Швајцарија со 2-1 во сетови (76(2) 36 10-3).
На женскиот дел од турнирот W 15 Куршумлијска Бања настап во првото коло ќе има Магдалена Стоилковска, која за противничка ќе ја има третата носителка Пемра Озген од Турција (37 години, 658 ВТА место). Taa својот меч ќе го игра во среда.
Најдобрата македонска Лина Ѓорческа е дел од W75 Трнава турнирот. Таа во првото коло утре (вторник) ќе игра против младата тенисерка од Русија Полина Кудерметова (20 години, 178 ВТА место).