Четири македонски тенисери се дел од Европското првенство за играчи до 18 години што се одржува во Австрија. Мечевите се играат во Оберпулфендорф.
По двајца тенисери и тенисерки се дел од шампионатот. Амар Хусеиновиќ и Александар Трифуновски се дел од машкиот турнир, додека кај девојките Ана Митевска и Теона Андова се дел од женскиот турнир. Како сојузен капитен со македонските тенисери е Круно Деспотовски.
Во првата рунда Амар Хусеиновиќ е слободен, додека Трифуновски загуби од Сандер Сивертсен од Норвешка со 2-0 во сетови (62 62). Во првата рунда Ана Митевска загуби од Миа Поханкова од Словачка со 2-0 во сетови, додека Теона Андова е елиминирана од Јулија Богатин од Словенија со 2-0 во сетови.
Македонските тенисери и тенисерки ги очекуваат и мечевите во конкуренција на двојки.