Четвртфинале за Ѓорческа во Рим

July 11, 2024

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ турнирот W75 Рим. Нејзината противничка Кристина Дину од Романија го предаде мечот при водство на Ѓорческа од 1-0 во сетови и 2:0 во гемови во вториот сет.

Ова беше 7.ми меѓусебен дуел на овие две тенисери, а Ѓорческа сега има предност од 5:2 во добиени меча и притоа има серија од пет победи.

Мечот траеше 48 минути, а Ѓорческа имаше целосна контрола при што успеа да спаси и шест брејк топки, а имаше и четири брејка од пет прилики.

Утре во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра со победничката од мечот Варвара Лепченко (САД, 4 носителка) и Сузан Бандекин (Швајцарија, квалификантка)

 

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани