Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на фјучрсот во Куршумлијска Бања. Таа во мечот од второто коло ја совлада Јулие Струплова со 2-0 во сетови за 80 минути игра. Во следното коло Ѓорческа која е рангирана како трета носителка ќе игра против Кајса Риналдо Пирсон од Шведска.
Ѓорческа одлично го почна мечот и ги освои првите четири гема за водтсво од 4:0. Предноста од почетокот на мечот ја задржа и го освои првиот сет со 6:2. Во вториот сет имаше повеќе неизвесност. По водството на нашата тенисерка од 1:0, противничката направи брејк за водство од 2:1. Веднаш Ѓорческа го врати загубениот гем на свој сервис и изедачи на 2:2, а потоа направи серија од три освоени гема за водство од 5:2. Во завршницата на сетот двете тениерки освоија по еден гем за 6:3 и конечни 2:0.
Во следната рунда (четвртфинале) Ѓорческа ќе игра против Пирсон од Шведска која со 2-1 во сетови (7:6(7:3), 2:6, 6:3) ја победи Лавиниа Танасие од Романија.
На турнирот во Србија настапува и Калин Ивановски, а неговиот меч во сингл против Халиак од Белорусија е во тек.