Тенисерите од Чешка Петр Ноуза и Ендрју Поулсен се победници на годинашниов Челинџер 75 Macedonian Open 2023 откако во финалето ги совладаа првите носители Шриран Балаџи и Џиван Недунчезиан од Индија со 2-0 во сетови (76(5) и 63) за 92 минути игра.
Првиот сет беше максимално изедначен и ниту една од двојките не успеа да направи брејк,а тенисерите го користеа својот сервис за да го добијат гемот, така беше се до 4:3. Во осмиот гем беа и првите брејк топките за тенисерите од Индија, но не ги искористија. Во следниот гем повторно имаше ве брејк топки неискористени, но за чешките тенисери, а така беше и во 11.тиот гем. По 6:6 во гемови следеше тај брејкот, каде на сцена беа поените на противничкиот сервис (мини брејк). Тај брекот заврши со 7:5 на поени за Ноуза и Полсон, кои негатива од 2-4 стигнаа до 5-4, што беше клучно за освојување на првиот сет.
Во вториот сет водството воглано беше на страна на Чесите, кои во осмиот гем ја искористија и првата брејк топка и поведоа со 5:3, а веднаш потоа на свој сервис го добија гемот за 6:3 искористувајќи ја првата меч топка.
Фото: Игор Паневски