Хрватскиот тенисер Вито Тонејц е последниот кој избори пласман во полуфиналето на фјучрс турнирот во Скопје откако во четвртфиналето го победи Британецот Тоби Мартин со 2-1 во сетови (63 67(1) 64) за 3 часа и 30 минути игра. Ова беше вториот најдолг меч на турнирот откако вчера Мартин играше со Лазар Војновиќ од Србија 3 часа и 41 минута.
Во полуфиналето Тонејц ќе игра против третиот носител Французинот Саша Вајенбург, кој со 2-0 во сетови го совлада Неил Оберлеитер од Австрија.
Пласман во финалето во двојки обезбедија вторите носители Вајенбург и Антоан Оанг од Франција, кои експресно ги совладаа Стефанос Скинас од Грција и Ханс Алберт Шуберт од Чиле со 2-0 во сетови (61 60).
Резултати од четвртфиналните мечеви во сингл:
Калин Ивановски (4,Македонија) – Мирза Башиќ (БиХ) предадено
Саша Вајенбург (3,Франција) – Неил Оберлеитнер (Австрија) 2-0 (61 62)
Ерги Киркин (5,Турција) – Миљан Зекиќ (1,Србија) 2-0 (62 64)
Вито Тонејц (Хрватска) – Тоби Мартин (В.Британија) 2-1 (63 67 (1) 64)
Резултати полуфинале двојки:
Јанаки Милев, Петр Нестеров (3,Бугарија) – Рајан Голсворти, Џејмс МакКинлеј (В.Британија) 2-0 (76(3) 62)
Саша Вајенбург, Антоан Оанг (2,Франција) – Стефанос Скинас (Грција), Ханс Алберт Шуберт (Чиле) 2-0 (61 60)
Фото: Игор Паневски