Херој и инспирација за секој човек и за сите генерации – Јован Спасеновски Џагула

December 17, 2024

Деновиве беше промовирана биографската книга за македонската тениска легенда Јован Спасеновски Џагула. Автор на книгата „Јован Спасеновски-Џагула – херој и инспирација за спортисти и за неспортисти“ е Васко Марковски.

Во тениските кругови познат едноставно како Џагула, со своите 90 години е пример за секој кој се занимава со спорт, но и како треба да се пријде кон спортот. Од Џагула може многу да се научи, но и многу да се дознае не само за тенисот, туку и за скијањето, за спортот за животот во Тетово. Од својата најрана возраст е на спортските терени, но не само во неговиот роден град, туку и во Скопје, а кога требало за промоција на тенисот знаел да биде и во другите градови од Македонија. Неговите кажувања беа од голема помош при пишувањето на Монографијата за 70 години Тениска Федерација, која беше објавена пред една година.

Активен беше и во ветеранските денови, а знаеше да ги поттикне и другите кои рекративно беа дел од тенисот.

Во 2007 година Јован Спасеновски Џагула од страна на Тениската федерација на Македонија беше добитник и на наградна за животно дело, а годинава доби и Благодарница за исклучителни заслуги во тенисот.

Џагула секогаш е подготвен и за по некој совет за помладите.

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани