Француската комбинација Саша Вајенбург и Антоан Оанг (2,носители) се победници на фјучрсот во Скопје во конкуренција на двојки. Тие во финалето ги совладаа Јанаки Милев и Петр Нестеров од Бугарија со 2-0 во сетови (61 62) за 56 минути. Оваа двојка оваа година има и победа на фјучрсот во францускиот град Кретеј.
Првиот сет мина во целосна доминација на француските тенисери, кои поведоа со 3:0 го гемови, а потоа противниците го освоија единствениот гем во сетот, за потоа да следи нова серија на победниците од три гема.
Французите ја продолжија серијата и со четири гема во вториот сет ја најавија победата откако поведоа со 4:0, до крајот на сетот двата дубла освоија по два гема за конечни 6:2 во вториот сет.
Француската комбинација во Скопје оствари четири победи, но најтешкиот меч го има во првото коло кога по 2 часа и 20 минути игра ги победија Македонците Берк Бугариќ и Калин Ивановски.
Од денешната програма остана да се одигра уште полуфиналето во сингл меѓу македонскиот тенисер Калин Ивановски и Ерги Киркин од Турција.
Фото: Игор Паневски