Францускиот тенисер Клеман Табу (300 место АТП) уште еднаш се покажа како пречка за македонскиот тенисер Калин Ивановски, постигнувајќи ја третата победа во исто толку меѓусебни мечеви. Табу го доби мечот од првото коло на Челинџерот 100 во Бања Лука (награден фонд 118.000 евра) со 2-0 во сетови (76(4) 76(3)) за 2 часа и 22 минути игра. Притоа во изедначен меч решавачки беше моментот што Ивановски имаше 3 брејк топки од 15 можности, а Табу имаше 100% учинок 3/3. Французинот освои 89 поени наспроти 84 на Ивановски.
Во двата сета Ивановски прв успепеваше да направи брек, но предноста не успеваше да ја зачува и двата сета беа решени во тај брејк. Во првиот сет во четвртиот гем Ивановски го одзема гемот на сервис на противникот и поведе со 3:1, но Табу веднаш врати со ри-брејк во следниот гем. Во шестиот гем македонскиот тенисер не успеа да направи нов брејк, иако имаше четири можности, па така сетот беше одличен во „13.та игра“. Во тај брекот Ивановски на почетокот загуби два поена на свој сервис и со тоа сетот заврши со 7:4 на поени за Табу.
Во вториот сет по водството на Французинот од 1:0 во гемови Ивановски имаше одлична можност да изедначи во сетови особено што поведе со 4:1 по серијата од четири гема и притоа направи два брејка. Сепак, Табу ја стабилизира својата игра и ги врати загубените гемови и со серија од четири гема поведе со 5:4. До крајот на сетот Ивановски се избори за нова „13.та игра“. Но, тај брекот пак заврши во корист на Французинот со 7:3, откако поведе со 5:1.
Ова беше нивни трет меѓусебен дуел, првите два ги доби Табу (финале фјучрс 25 во Куршумлијска бања 2023 година и прво коло фјучрс 25 Скопје 2021 година).
За Ивановски следниот настап е на челинџер турнирот во Полска (Гроджиск Мазовиецки).