Репрезентацијата на Финска го доби првиот меч од дуелот со Македонија откако Лаура Хиетаранта ја совлада Магдалена Стоилковска со 2-0 во сетови (61 62) за 1 час и 5 минути игра. Ова е дуел во рамките на третото коло од Третата Европска зона од Били Џин Кинг купот што се игра во Скопје. Во вториот меч ќе играат Лина Ѓорческа против Анастасија Куликова.
Во првиот сет Хиетаранта во вториот гем направи брејк и поведе со 2:0, но Стоилковска го врати загубениот сервис и намали на 2:1. Сепак до крајот на сетот финската тенисерка направи серија од четири гема и го освои сетот со 6:1 во гемови. Во вториот сет првите два гема беа со брејк, а по 1:1 во гемови Хиетаранта повторно имаше серија од четири гема за водство од 5:1. Стоилковска потоа освои гем и намали на 5:2, но противничката беше поуспешна во следниот гем што значеше и освојување на сетот со 6:2 во гемови и прв поен за Финска во дуелот со Македонија.
По мечот меѓу Ѓорческа и Куликова, ќе следува и мечот во двојки, каде за Македонија се пријавени Ѓорческа и Стоилковска за за Финска Ела Хаависто и Стела Ремандер.
Лаура Хиетаранта (Финска)
фото: Игор Паневски