Финале за Вукичевиќ во Солун

April 13, 2025

Младиот македонски тенисер Горјан Вукичевиќ стигна до финалето на турнирот во Солун за тенисери до 16 години. Тој во финалето загуби од домашниот тенисер Рафаел Антонис Јакопулос со 2-0 во сетови (61 64).

Претходно во четвртфиналето Горјан го совлада првиот носител на турнирот Александрос Авгерис од Грција со 2-1 во сетови (46 63 64), а потоа во полуфиналето го надигра и третиот носител Кристијан Стефанов од Бугарија со 2-0 во сетови (61 61).

Вукичевиќ во првата рунда беше слободен, а во првиот меч на турнирот го победи Јорданис Хаџиниколау од Грција со 2-0 во сетови (60 64), а во третата рунда го совлада Хусеин Туна Чавуш од Турција со 2-1 во сетови (46 63 61).

Турнирот во Солун беше од категорија 3.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани