Македонскиот тенисер Амар Хусеиновиќ го загуби финалето на турнирот за играчи до 18 години што се играше во Скопје. Тој во финалето загуби од Исак Босфал од Шведска со 2-0 во сетови (63 61).
На патот до финалето Амар постигна две исклучително важни победи. Во полуфиналето го совлада Никодије Тривунац од Италија по голема борба со 2-1 во сетови, откако го загуби првиот сет ги доби следните два, а решавачкиот со 8:6 на поени во тај брејкот.
Во четвртфиналето Хусеиновиќ беше поуспешен од Гркот Николас Захос со 2-1 во сетови, а во првите две кола ги победи Војин Саџановиќ од Србија со 2-0 во сетови и Марко Ерцег од Хрватска исто со 2-0.
Пласманот во финалето за Амар Хусеинивиќ ќе значи и напредок на ранг листата за тенисери до 18 години.
Турнирот се играше на терените на ТК Поинтер.