Младиот македонски тенисер Александар Трифуновски беше дел од финалниот меч во конкуренција на двојки на турнирот за тенисери и тенисерки до 18 години што изминатата недела се играше на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје. Тој заедно со Јапонецот Кенсуке Кобајаши постигнаа три победи, а совладни беа во финалниот меч од првите носители Давид Кристијан Картепутереда од Романија и Виктор Киров од Бугарија со 2-0 во сетови (62 64).
Од другите македонски тенисери пласман во четвртфиналето во поединечна конкуреција избори Амар Хусеиновиќ.
Македонските тенисери и тенисерки во конкуренција до 18 години и оваа недела „на домашен терен“ ќе имаат можност да настап на меѓународен турнир на терените на ТК Поинтер до салата Јане Сандански од утре (вторник) стартува нов турнир.