Македонскиот тенисер Обрад Марковски денеска ќе игра во финалето на фјучрс турнирот М15 Куршумлијска Бања. Тој заедно со Стефан Латиновиќ од Србија се изборија за финалниот меч откако постигнаа две победи од 2-1 во сетови во првите две кола, а потоа во полуфиналето противниците Донев и Иванов од Бугарија им го предадоа мечот при 4-1 во првиот сет за Марковски и Латиновиќ.
Во првото коло македонско-српската комбинација ги елиминиташе првите носители Фред Симонсон (Шведска) и Володимир Узловски (Украина).
Во финалниот меч денеска од 10 часот ќе играат против четвртите носители Јан Храздил и Вацлав Сафранек од Чешка.