Во неделата со квалификациите почнаа мечевите на фјучрс турнирот Скопје 25, а од вторник ќе стартуваат и борбите на главните турнири во поединечна конкуренција и во двојки, а ќе се одиграат и последните мечеви од квалификациите. Наградниот фонд на турнирот изнесува 25.000 долари.
Победникот во сингл ќе освои награда од 3.600 долари и 25 АТП поени, додека финалистот ќе добие 16 поени и 2.120 долари. За полуфиналистите ќе има по 8 поени и 1.255 долари, а учесниците во четртфиналето ќе освојат по 3 поени и 730 долари. Еден поен ќе има за поразените во второто коло и 430 долари, додека поразените во првото коло ќе добијат 260 долари.
Во конкуренција на двојки паричната награда е за тимот и изнесува 1.550 долари за победниците (25 поени), за финалистите наградата е 900 долари (16 поени), полуфиналистите ќе добијат 540 долари (8 поени), а за второто коло наградата е 320 долари (3 поени), додека учесниците во првото коло ќе добијат само 180 долари без поени исто како во сингл.
Победникот во финалето од квалификациите ќе добие 3 ИТФ поени, а фиалистот 1 ИТФ поен.
Според програмата финалето во сингл ќе се игра во недела на 11.јуни, а во сабота на 10.јуни покрај двата поединечни меча во сингл ќе се игра и финалето во двојки.
Супервајзор на турнирот е Димитрис Сарацидис од Грција.