Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го загуби мечот од првото квалификациско коло на Грен слем турнирот УС Опен. Поуспешна од неа беше Аргентинката Јулија Риера (19.та носителка во квалификациите), која забележа победа од 2-0 во сетови (76(4) 63) за 96 минути игра.
Нашата тенисерка добро го почна мечот и поведе со 3:0 во гемови откако имаше брејк во вториот гем. Ривалката успеа да намали на 4:3 со брејк, но Ѓорческа направи нов брејк за 5:3. Сепак шансата за водство не ја искористи откако Риера имаше брејк и во следниот гем за 5:4, за потоа и да поведе со 6:5, но Лина сепак со нов брејк успеа да се избори за тај-брејк во првиот сет. 13.тиот гем и припадна на Аргентинката со 7:4 на поени.
Ако во првиот сет имаше шест брејка (одземени гемови на сервис на противничката) во вториот сет имаше само еден и тоа во осмиот гем Риера направи брејк што и овозможи водство од 5:3 што на крајот се покажа како решавачко бидејќи сетот го доби со 6:3 во гемвои.
Ѓорческа следниот турнир треба да го игра од 2.септември во Инчеон, Јужна Кореја.