Младите македонски тенисерки Сара Митевска (14 години) и Ана Митевска (17 години) имаа успешни настапи на Ј60 ИТФ турнирот во Марибор, Словенија. Тие во конкуренција на тенисерки на возраст до 18 години остварија забележителни резултати.
Во поединечна конкуренција Сара Митевска се избори за настап во четвртфиналето каде беше поразена од четвртата носителка Британката Еди Грифитс со 2-0 во сетови (75 62). Сара претходно во првите два меча забележа победи против домашните тенисерки Словенките: Амбер Ивана Еренда со 2-0 во сетови (75 63) – 1.коло, додека Нала Ковачич ја совлада со 2-1 во сетови (64 16 62).
Ана Митевска во конкуренција на двојки заедно со Лара Сериќ од Хрватска стигнаа до полуфиналето. Во првото коло македонско-хрватска комбинација постигнаа победа над руските тенисерки Кристина Ковган и Анастасија Тимошенко со 2-1 во сетови (36 63 10-7 на поени), а во второто коло ги победија Ива Иванковиќ (Швајцарија) и Лио Моербек (Белгија) со 2-0 во сетови (64 64). Во полуфиналето загубија од вторите носителки Марта Добиќ (Хрватска) и Франческа Гали (Италија) со 2-1 во сетови (46 75 10-1).
Во конкуренција на двојки настапи и Ана Стојановска која играше со Амбер Ивана Еренда од Словенија и загубија со 2-1 во сетови од тенисерките од Белгија Клес и Ванспувен.