Успешен настап на македонските тенисерки на Ј30 турнирот во Улцињ

October 6, 2024

Македонските тенисерки имаа успешен настап на јуниорскиот турнир во Улцињ, Црна Гора. Македонија требаше да има три финалиња, едно во женска конкуренција – сингл и во игра на двојки (кај секој од паровите имаше македонска тенисерка), но дождот спречи финална разврска во двете конкуренции.

Сара Митевска, која беше рангирана како шеста носителка стигна до финалето, откако со 2-0 во сетови забележа победи во првите три меча. Во првото коло ја победи Кунвеи Ванг од Кина, во втората рунда ја победи Анастасиа Сбитнева од Русија, а во четвртфиналето беше подобра од втората носителка Карола Манфредониа од Италија (62 60). Во полуфиналето се играа „скратени сетови“ и беше 2-1 (42 24 14-12 на поени) за Сара против Сара Козма од Романија. Финалето против нејзината сонародничка Карина Марија Капузу не го одигра бидејќи не дозволија временските услови.

Лошата состојба на терените не дозволи да се игра ниту финалето во двојки во кое требаше да играат Сара Митевска со Марина Маркина од Летонија (втори носителки) против Ана Митевска и Карина Марија Калузу (први носителки).

Во конкуренција кај момчињата Александар Трифиновски стигна до полуфиналето во конкуренција на двојки заедно со Никола Радишиќ од Србија и беа поразени од Стефан Ѓоковиќ и Скендер Катана од Црна Гора со 2-1 во сетови (46 64 9-11 на поени).

На турнирот настапија и Катја Ивановска и Андреј Тасевски.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани