Младите македонски тенисери имаа уште една успешна недела на турнир за тенисери и тенисерки до 18 години во Пеќ, Косово.
Александар Трифуновски триумфираше во игра на двојки заедно со Никита Грибјакин од Естонија. Тие со пресврт стигнаа до триумф од 2-1 во сетови, откако го загубија првиот сетбез освоен гем до изедначување стигнаа добивајќи го вториот сет со 6:3 во гемови. Во решавачкиот сет беше 10:6 на поени.
Во конкуренција на двојки кај девојките Јана Божиновска финалето со Луиса Фусил од Словенија загубија од тенисерките од Елени Кациаврам и Наема Лабиб.
Божиновска во сингл конкренција настапи и во четвртфиналето каде загуби од Селин Мостеану од Романија.