Македонскиот тенисер Александар Трифуновски беше дел од завршницата на Ј30 турнирот во Мостар за тенисери во младински категории. Тој стигна до полуфиналето каде загуби од првиот носител Алекса Опарница од Србија. Македонскиот тенисер оваа недела настапи и на „посилниот“ турнир во Мостар Ј100, но не успеа да ги мине квалификациите.
На патот до полуфиналето Триуфуновски ги победи: Андреа Цоголо (Италија), Филип Ѓокиќ (Србија) и Тимофи Миланов (Украина).
Дел од овонеделниот турнир е и Амар Хусеиновиќ кој во првото коло ќе игра против третиот носител Самуеле Сегети од Италија.