Македонскиот тенисер Амар Хусеиновиќ триумфираше на турнирот за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Скопје. Тој заедно со Вито Антонио Дардери од Италија ја оправдаа улогата први носители и во финалето одиграно денеска ги победија вторите носители Стурле Хоф Скигелстранд (Норвешка) и Мехмет Онур Тургут со 2-0 во сетови (62 76(5)). Во полуфиналето победниците на Југ Опен 2023 ги победија Александар Трифуновски (Македонија) и Алекса Опраница (Србија) со 2-1 во сетови, а со истиот резултат во 1/4 финалето ги совладаа Едуард Габриел и Михнеа Мафтеи од Романија. Во второто коло беа поуспешни од Дњерин Чан Атакан (Турција) и Николасо Чациварам (Грција) со 2-0 во сетови.
Кај девојчињата победнички се: Симоне Габриела Росу и Ингрид Јоана Сандулеаса од Романија кои со 2-1 во сетови ги победија Лиа Белибова (Молдавија) и Еда Нуманоглу од Турција.
Во женското финале утре од 9 часот ќе играат Анастасија Цветковиќ (Србија) и Алесиа Бреаз (Романија), додека потоа следи машкото финале меѓу Вито Антонио Дардери (Италија) и Владо Јанкањ (Србија).