Двете македонски младински репрезентации денеска ги завршија натпреварите на European Summer Cup. Тенисерките до 16 години во дуелот за седмото место ја победија Италија со 2:1, додека тенисерите до 18 години загубија од Словачка со 2:0 во дуелот за петтото место.
Девојките играат во Бистрица, Романија. Беше одигран само еден меч, кој Катја Ивановска го загуби од Каролина Гаспарини со 2:0 во сетови (63 63), Јана Божиноска без борба го доби мечот со Лукреција Мусети, а и македонската двојка Ивановска – Божиновска без борба го добија мечот со Галатеа Феро и Гаспарини. Така Македонија дојде до победата од 2:1.
На другите мечеви од последниот ден, во финалето: Србија – Унгарија 3:0, Украина – Романија 3:0 и Грузија – Холандија 0:3.
Во Пиештани, Словачка тенисерите до 18 години го загубија дуелот за 5.место со домаќинот Словачка со 2:0, а мечот во двојки не се играше. Михаи Крајчи го победи Амар Хусеиновиќ со 2-0 во сетови (42 40); додека Томас Талајка го совлада Марко Стоилковски со 2-0 во сетови (54(3) 41).
Во финалето Шпанија ја победи Србија со 2:0, а Украина беше подобра од Турција со 2:0.