Победа и пораз имаа македонските претставници на денешните мечеви од првото коло на фјучрс турнирот во Куршумлијска Бања. Магдалена Стоилковска оствари победа, додека Обрад Марковски го загуби мечот од првото коло.
Стоилковска по меч што траеше 105 минути ја совлада Русинката Алиса Василева со 2-0 во сетови (63 62). Македонската тенисерка го искористи искуството и ги доби двата сета. Во првиот сет резултатот беше изедначен до 3:3 во гемови, по што следуваше серија од 3-0 за Стоилковска, која во вториот сет по 2:2 во гемови имаше серија од четири гема за триумф во првото коло. Утре во меч од второто коло Стоилковска ќе игра против првата носителка Димитра Павлу од Грција (20 години, 444-то место на ВТА).
Обрад Марковски не успеа да се избори за второто коло на машкиот дел од турнирот, откако загуби од Ален Мујакиќ од Германија со 2-0 во сетови (62 62). Притоа противникот на Марковски ги искористи брејк топките да стигне до победата во меч што траеше 77 минути.