Како дел од календарот на ИТФ оваа недела Скопје и тениската федерација се организатори на фјучрс турнир во женска конкуренција. Секако ова е одлична можност за македонските тенисерки да „ги вкрстат“ рекетите со натпреварувачки од повеќе држави од светот, особено што турнирот е со награден фонд од 40.000 долари, а најдобрите ќе добијат и ВТА поени со кои ќе можат да направат скок на ВТА листата.
Турнирот почна во неделата, а од утре се и мечевите од второто коло во поединечна конкуренција каде се очекува и настапот на најдобрата македонска тенисерка
Лина Ѓорческа.
Завршните мечеви полуфинале во сингл и финалето во двојки ќе се играат во сабота, а почетокот е закажан за 10 часот, додека финалето е закажано за недела во 11 часот.