Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во третото коло на ИТФ фјучрсот W50 Oточец во Словенија. Таа попладнево во рамките на второто коло ја совлада Михаела Бајерлова од Чешка (25 години, 485.место ВТА) со 2-0 во сетови. Ѓорческа во текот на мечот имаше реализација 5/8 на брејк топки, додека противинчката имаше 1/14 што беше и клуч за победата.
Нашата тенисерка убедливо со 6:0 во гемови го доби првиот сет и ја потврди фавористската улога (5.носителка). Во вториот сет Ѓорческа беше во сигурно и имаше предност од 5:2 во гемови, но ривалката уеспа да стигне до изедначување 5:5. Во следните два гема Ѓорческа повторно беше „на висина на задачата“ и ги доби следните два гема за 7.5 во вториот сет и пласман во следната рунда.
Во наредното коло Ѓорческа ќе игра против тенисерката од Полска, 11.та носителка Маја Чвалинска (22 години, 244.место ВТА листа).
На овој фјучрс настап во првото коло имаше и Магдалена Стоилковска, која загуби на стартот од домашната тенисерка Аља Сеница со 2-0 во сетови (60 75).