ТК Југ ја одбрани титулата државен првак

July 11, 2023

Тенисерите на ТК се старо-нови шампиони на Македонија откако денеска ја одбранија титулата во рамките на Македонската лига. Тие во финалето остварија максимална победа од 5:0 против тимот на Поинтер добивајќи ги сите сингл мечеви, а потоа мечевите во двојки не се играа. ТК Југ и пред одигрување на важеше за фаворит за освојување на титулата.

Во составот на Југ за лига дуелите беа пријавени: Томислав Јотовски, Бесир Дургути, Шендрит Деари, Калин Ивановски, Берк Бугариќ, Дарко Колевски, Димитар Грабул, Филип Стојановски, Александар Трифунивски, како и тенисерите од Буграија Петар Нестеров и Габриел Донев, а улогата на капитен ја имаше Владимир Андонов.

ТК Поинтер го освои второто место исто како и лани, а овој тим клучната победа ја оствари вчера во дуелот со ТК Неготино, кога и избори пласман во финалето.

Во дуелот за третото место Неготино го совлада тимот на МТП.

Од утре среда на терените на ТК Југ ќе стартуваат мечевите во државното првенство на Македонија за мажи и за жени.

Финале: Југ – Поинтер 5:0
Сингл:
Петар Нестеров – Обрад Марковски 20 предаде Марковски
Габриел Донев – Марко Стоилковски 62 30 предаде Стоилковски
Томислав Јотовски – Михаил Кусески 76(3) 61
Шендрит Деари – Илија Мартиноски 20 предаде Мартиноски
Берк Бугариќ – Максимилијан Алексовски 60 62
Мечевите во двојки не се играа.

3.место: Неготино – МТП 4:1
Сингл:
Лука Павловиќ – Елдин Хусеиновиќ 62 61
Стефан Мицов – Борјан Стефановски 61 61
Иван Манасов – Андреј Милевски 75 60
Васко Здравкин – Грегор Стојанов 60 61
Димитар Ристовски – Матеј Попов 10 предаде Ристовски
Мечевите во двојки не се играа

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани