Кристијан Јанев и Ана Митевска двајцата членови на ТК Југ се шампиони на Зимското Отворено првенство на Македонија за тенисери и тенисерки до 18.години.
Јанев во финалето го совлада со убедливи 2-0 во сетови (61 61) Максим Тренески истотака од Југ. На патот до трофејот Јанев ги победи Петар Приганоски (МТП) во полуфиналето, Стефан Новковски (Југ) во четвртфиналето и Матеј Попов (МТП) во првото коло.
Ана Митевска во мечот за титулата ја совлада Јана Божиновска клупската колешка од Југ со 2-0 во сетови (60 63). На патот до фоналето таа ги победи: Теона Андова (Југ) во полуфиналето, потоа Катја Ивановска (МТП) во четвртфиналето и Маида Чолиќ (Поинтер) во првата рунда.
Зимското Отворено на Македонија изминативе три дена се играше на терените ТК Поинтер во Скопје.