Тениски фестивал за многу среќни детски лица

April 2, 2024

Повеќе од 200 дечиња на возраст од 4-14 години минаа прекрасни мигови во Градскиот парк кај Школка. Насмевките и задоволните лица беа нешто што покажа дека настани од ваков тип се потребни за најмладите. Целиот настан беше во организација на Тениската федерација на Македонија, но и со помош и соработка на тениските клубови, секако тука учество земаа и тренерите, како и други чинители кои се активни во организираните настани на тенискиот спорт.

Целта на настанот беше дечињата пред се најмладите да добијат некои информации за тенисот како спорт, а тоа најдобро се прави преку игра и анимација на децата. Секако организаторите за сето тоа да биде прилагодено и за почетници имаше реквизити приспособени и за најмладите, за почетниците, за сите заинтересирани кои беа дел од овој настан.

Како круна на настанот беше и присуството на нашите Били Џин Кинг Куп репрезентативки кои одиграа со децата и беа пристапни за давање на автограми.

Секако покрај задоволните дечиња, кои добија и по некој подарок и награда за успешниот ден, задоволни беа и родителите и нивните најблиски, од причина што го искористија прекрасниот сончев ден и минаа неколку часови гледајќи ги своите најмили како уживаат и се запознаваат со новиот спорт.

Акцијата за активно учество на децата во тениските активности од најмала возраст ќе продолжи и понатаму во организација на Тениската федерација на Македонија, со настани организирани и во другите градови.

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани