Тенисерите на Македонија до 18 години претрпеа пораз во четвртфиналето на European Summer Cup во Пиештани, Словачка. Поуспени од нив беа нивните врсници од Србија кои постигнаа максимална победа од 3:0. Во двата сингл меча за Македонија настапија: Амар Хусеиновиќ и Марко Стоилковски. Хусеиновиќ загуби од Бранко Ѓуриќ со 2-0 во сетови (61 62), додека Стоилковски беше поразен од Марко Максимовиќ со 2-0 во сетови (64 64).
Во игра на двојки: Хусеиновиќ и Филип Стојановски загубија со Ѓуриќ и Саша Марковиќ со 2-0 во сетови (62 63).
Во другите мечеви: Украина – Босна и Херцеговина 3:0 и Турција – Словачка 2:1. Шпанија беше слободна и директно се пласира во полуфиналето.
Македонија утре во разигрувањето ќе игра против Босна и Херцеговина и со победа ќе се бори за 5.место против Словачка, а доколку загуби ќе биде седмопласирана.