Младите македонски тенисери Андреј Темов и Василиј Закоски беа финалисти на турнирот во Скадар што се играше за тенисери и тенисерки до 12 години.
Македонската комбинација во финалето загуби од Темирлан Жантемиров (Казахстан) и Јулијан Жеба (Полска) со 2-0 во сетови (62 63). Тие на патот до финалето постигнаа три победи. Во полуфиналето беа подобри од Роберт Гречута (Полска) и Луиџи Мариа Ламарина со 2-1 во сетови (76(5) 57 и 10-7 на поени), додека во второто коло ги совладаа Роберт Валентин Стојанов (Романија) и Арсен Кулумбетов (Казахстан) со 2-1 во сетови (67(2), 62 и 10-7 на поени). На стартот беа сигурни и во мечот против Едон Адеми (Црна Гора) и Алексеј Имамутдинов со 2-0 во сетови (61 63).
На вој турнир покрај Темов и Закоски настапија уште неколку македонски тенисери и тенисерки како во поединечна така и во конкуреција на двојки: Максим Дојчинов, Олег Мирчески, Ведрана Танеска, Ализа Муртезани и Ана Спасеска.