Младиот македонски тенисер Андреј Темов стигна до полуфиналето на турнирот за тенисери до 12 години што се играше во Прокупље, Србија. Тој на Прокупље Опен 2024 постигна три убедливи победи, а потоа беше поразен во победникот на турнирот во неизвесен меч.
Младиот македонски тенисер во првото коло го победи Матија Радивојевиќ од Србија со 2-0 во сетови (62 61), а во следната рунда беше поуспешен од Романецот Циука Стојанов со 2-0 во сетови (63 62), следен на листата победни беше Ѓура Котур од Србија 2-0 (61 61), додека Георг Абушенко од Русија беше подобар од Темов со 2-0 (63 75).
Инаку, Андреј Темов во месец март триумфираше на турнир во Анталија.