Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска оствари голема победа откако во првото коло на фјучрс турнирот во Бакау, Романија ја елиминира првата носителка Тамара Чуровиќ од Србија. Стоилковска мечот го доби со 2-1 во сетвои (46 64 63) за 2 часа и 50 минути игра.
Првиот сет го доби противничката со 6:4 во гемови, откако беше 2:2 Чуровиќ направи предност и поведе со 4:2. Сепак Стоилковска изедначи на 4:4, но ривалката повторно освои два гема за водство од 1:0 во сетови. Во вториот сет Стоилковска по 2:2 поведе со 4:2 во гемови и предноста ја зачува до крајот на сетот за да го добие со 6:4 и да изедначи на 1:1. Во решавачкиот сет резултатот беше изедначен до 3:3 во гемови, по што следеше серија на Стоилковска од три гема и освојување на сетот и мечот го доби со 2:1.
Стоилковска имаше 7 брејка од 13 можности, а Чуровиќ 5 од 11.
Во второто коло Стоилковска ќе игра против домашната тенисерка Симона Огеску (20 години, 958 место на ВТА).
Нашата тенисерка денеска по одморот треба да одигра уште еден меч во двојки со Диана Марија Михаил од Романија против украинските тенисерки Алина Циурпалевич и Анастасија Запариниук.