Голем успех оствари македонската тенисерка Магдалена Стоилковска која во меч од првото коло на ИТФ фјучрсот во Шарм Ел Шеик што се игра за награден фонд од 15.000 долари ја совлада првата носителка Адитиа Карунаратне од Хонг Конг со 2-1 во сетови (26 64 76(5)) за 2 часа и 52 минути игра. Подобрата реализација на брејк топките на Стоилковска и ја донесе победата. Таа имаше 54% (7/13), а противничката 36% (8/22), иако Карунаратне освои повеќе поени (122:108) и повеќе гемови (16:15).
Првиот сет со 6:2 во гемови го доби ривалката на Стоилковска која по 2:2 направи серија од четири гема за водство од 1:0 во сетови. Во вториот сет македонската тенисерка поведе со 3:1 во гемови што се покажа за клучно во вториот сет, кој го заврши со 6:4. Во решавачкиот сет по 2:2 во гемови Стоилковска поведе со 5:2, но дозволи ривалката да изедначи на 5:5. сепак следниот гем на свој сервис го заврши со ас за водство од 6:5, а потоа во 12.гем испушти три меч топки. Во тај брејкот Стоилковска поведе со 3:0 во поени, а потоа и со 6:3 и тај брејкот да го заврши со 7:5 и пласман во следната рунда.
Утре во меч од второто коло противничка ќе и биде Џулијана Бестети од Италија (26 години, 1061.место ВТА), која исто како и Стоилковска преку квалификации стигна до второто коло. Бестети ја победи Ванеса Теиушану од Романија со 2-0 во сетови.
На турнирот во Аламинос, Ларнака меч од второто коло утре ќе игра и Лина Ѓорческа против Дебора Киеса од Италија.