Македонски тенисери ќе бидат дел од фјучрс турнирот што се игра во Куршумлијска Бања, Србија. На турнирот паралелно се играат мечевите во машка и во женска конкуренција. На женскиот дел од турнирот Магдалена Стоилковска ќе настапува во сингл и во конкуренција на двојки. Таа во првото коло денеска ќе игра против носителката број 6 Сабина Дадациу од Романија (22 години, 997.место ВТА), а заедно со романската тенисерка заедо ќе настапуваат во двојки и во првото коло ќе играат против српско-романската комбинација Јована Грујиќ и Паула Михаела Оница.
На машкиот дел од турнирот Горазд Србљак ги чека противникот од квалификациите, кои се играат и денеска, додека Обрад Марковски во првата рунда ќе игра 17-годишниот тенисер од Србија Алекса Писариќ. Најверојатно македонските тенисери утре ќе ги играат мечевите од првото коло.
Во квалификациите на овој турнир настапуваше и Шендрит Деари, но беше запрен во второто коло од квалификациите откако загуби од Русинот Максим Крапивин со 2-1 во сетови (61 46 5:10 на поени), додека во првото коло го победи Никола Митровиќ од Србија со 2-0 во сетови (60 75).