Стоилковска со пресврт до триумф на фјучрсот во Хрватска

October 22, 2024

Успешен старт на ИТФ фјучрсот Бол во Хрватска (земја, отворено) што се игра за награден фонд од 15.000 долари имаше македонската тенисерка Магдалена Стоилковска. Таа во мечот од првото коло ја победи Лаура Бонер од Германија со 2-1 во сетови (46 60 62) за 2 часа и 54 минути игра. Во следната рунда ќе игра против Луси Урбанова од Чешка, која ја елиминираше втората носителка Зина Херман од Германија со победа од 2-0 во сетови (62 62).

Почетокот на мечот и првите два гема ги освои германската тенисерка и поведе со 2:0 и таа предност ја зачува до самиот крај на сетот, кој го доби со 6:4 во гемови. Но, потоа следуваше комплетен пресврт и доминација на Стоилковска која ги доби следните два сета, а со тоа и мечот. До крајот беа одиграни вкупно 14 гема, а македонската тенисерка освои 12.

Најпрво во вториот сет без загубен гем го доби сетот со 6:0 во гемови и изедначи на 1:1 во сетови. Во решавачкиот сет Стоилковска поведе со 2:0 во гемови, но Бонер изедначи на 2:2. Во продолжение македонската тенисерка освои уште четири гема што значеше и победа од 2:1 во сетови и пласман во второто коло.

Во вкупниот број поени скорот беше 106:74 за Стоилковска, која имаше шест брејка наспроти два на противничката.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани