Стоилковска со нов скок од 24 места на ВТА листата

December 18, 2023

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска на денешната нова ранг-листа има скок од 24 места и се наоѓа на 1206. то место со 9 поени. Ова се должи на настапите на фјучрс турнирите во изминатиот период во Шарм Ел Шеик.

Лина Ѓорческа со 357 поени (нема промена) се наоѓа на 216. то место (пад за една позиција) во поединечна конкуренција, додека во игра на двојки Ѓорческа со 226 поени е рангирана на 367. то место (пад за четири места).

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани